Сметководствени услуги

Грижата за нашите клиенти и нивните потреби е на прво место!

Финансиско и материјално сметководство

Како фирма која оперира во пазарната економија сигурни сме дека до сега веќе ја имате имате увидено моќта на максимизирање на искористеното време. Ние Ви овозможуваме да се ослободите од стегите на обврските и да се насочите кон Вашите цели.

Неделно превземање на документација

Административна поддршка

Менаџментот на работното место ја олеснува комуникацијата и извршувањето на задачите. Пи Финанс се стреми кон правилна поставеност и организација на извршните процеси кои ќе можете да ги поистоветите со тоа што половина од работата веќе завршена.

Правни услуги и консалтинг

Исполнување на неделивата врска помеѓу правниот и финансискиот сектор е несебичната соработка. Сфаќајки го значењето од истото Пи Финанс во тесна соработка со тим на правници и адвокати од Адвокатското друштво Константиновиќ & Милошевски, кои Ви стојат на располагање за целокупна заштита и реализација на Вашиот бизнис. 

Регистрација на фирма

Во бизнисот, времето е пари.
Пи Финанс е Ваш сојузник на патот кон успехот вложувајќи ги сите расположливи ресурси, започнувајќи од тековното работење преку унапредување на вашиот бизнис до надминување на конкуренцијата во тој сектор.

Финансиска анализа, контрола и консалтинг

Пред се анализа на работењето на Вашата компанија, за да може да се добие јасна слика за значајните оперативните, финансиските и менаџерските дејствија. Контрола на истите и извлекување на заклучок дали сето тоа е усогласено со даночното законодавство и сметководствените стандарди. Советодавните услуги се базирани на претходни информации, а се однесуваат на ефикасност и ефективност во искористување на ресурсите и знаењето.

Финансиска анализа со показатели (на месечно ниво)

Дополнителни услуги - Стандардизирани барања за услуги од клиенти

Почитувани клиенти,
Со цел да Ви обезбедиме беспрекорна и навремена услуга Ве молиме превземете ги унифицираните документи: