Нашиот тим

Нашиот тим е составен од искусни, амбициозни и посветени лица кои во секое време се подготвени да го изнајдат вистинското решение за Вас. Вложуваме значително време и исклучителен напор за да ги разбереме Вашите потреби и да Ви обезбедиме ефикасни и економични решенија.

Професионален состав од 4 вработени

Љупка Атанасовска

Овластен сметководител - управител

Љупка е дипломиран  економист со лиценца за овластен сметководител. Во својата 20 годишна  професионална кариера како Управител и Директор на финансии, успешно ги извршуваше  функциите во финансискиот сметководствен менаџмент и се стекна со богато  искуство и познавања на законските регулативи и  знаења од  повеќе области: финансиски анализи, банкарство, изработка на инвестициски програми, бизнис планови, буџетирање на трошоци, надворешно трговско работење, следење процеси од интерна контрола и ревизија. Потврда за долгогодишното работно искуство се повеќето уверенија, сертификати, потврди и благодарници.

Адвокат - Надворешен соработник за даночен консалтинг

Душко Гошевски е самостоен Адвокат, партнер со Адвокатското друштво Константиновиќ и Милошевски. Работи во делокругот на корпоративното право со посебен фокус на даночно, деловно и трговско право .
Долгогодишно искуство во даночна администрација на највисоки раководни позиции меѓу кои помошник Директор на УЈП, Претседател на комисија за прекршоци ,Управник на Регионална дирекција. Добитник на наградата ,,Св Матеј” за професионалност и ефикасност во работата.
Член на подкомитетот ПТИЦО за известување со ЕУ во делот на даноци.
Од Собранието на РСМ е избран за надворешен комисионер во Комисијата за хартии од вредност.
Коавтор е на публикацијата ,, 70 години даночен систем на Р.Македонија и 20 години ден на даночните работници “
Учесник на повеќе семинари во земјата и странство.
Активно е посветен во областа на заштита на животната средина.

Катерина Елисеева Трајчева

Овластен сметководител

Катерина е овластен сметководител. Нејзиното искуство добро се усогласува со нашата основна дејност како сметководствен и финансиски консалтинг, особено нејзината улога како финансиски асистент во меѓународна компанија за странски инвестиции, како висок претставник за продажба во компанија за онлајн трговија, тргување со валути, обврзници, акции, исто така и како банкарски сметководител во една од националните банки. Нејзините последни договори беа за американски медицински провајдер како асистент за плаќање и осигурување. Покрај своето искуство, таа е магистер по финансиски менаџмент за профитни и непрофитни организации и има солидна образовна основа, сега дополнета со уште една мастер студија за Дигитална комуникација и маркетинг во рамките на европската програма Еразмус плус, одржана од Институтот за комуникациски студии.

Розета Анчевска

Асистент сметководител

Розета има дипломирано Бизнис логистика. Има повеќе од 4 години работно искуство како Финансиски асистент и повеќе од 2 година работно искуство како помошник сметководител. Нејзините одговорности вклучуваат: водење книга на влезни и излезни фактури, сметководство за материјални трошоци, готовина, книга на основни средства, подготовка на извештаи за менаџментот  и статистички извештаи,  подготовка и пресметка на плати, подготовка на ДДВ пријави и финансиски извештаи, е-плаќања.