Со цел проширување на тимот, Друштво за финансиски консалтинг ПИ ФИНАНС распишува оглас за следната работна позиција:
ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ
Потребни квалификации:
- Високо образование-Економски факултет;
- Претходно работно искуство на иста позиција;
- Одлично познавање на работа со компјутер (MS Office);
- Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност;
- Изготвување на завршни сметки ќе се смета за предност;
Одговорности и задачи:
- Книжење на влезни и излезни фактури, Банкарски изводи, периодични финансиски извештаи;
- Подготовка на компензации, цесии;
- Конфирмации на салда и сложување на аналитички картици со купувачи и добавувачи;
- Доставување на излезни фактури и останата излезна документација до купувачи;
- Следење на наплата на побарувања;
- Подготовка на ДДВ пријави;
- Комуникација со сите релевантни државни институции;
Способности и професионални вештини:
- Одговорна, темелна, аналитична, посветена, одговорна и коминукативна личност;
- Поседување на висок интегритет и лојалност;
- Иницијативност, посветеност и амбициозност;
- Способност за работа под притисок и со кратки рокови;
- Способност за тимска и индивидуална работа;
- Систематичен пристап при работењето и ориентација кон детали;
- Почитување и примена на пропишаните процедури и интерни акти на компанијата;
- Подготвеност за работа во динамична работна атмосфера;
- Напредни планирачки и организациски способности;
Доколку имате желба да бидете и Вие дел од нашиот успешен тим, испратете го Вашето CV на vrabotuvanje@postexpress.mk, со назнака на позицијата за којa аплицирате или јавете се на телефонскиот број 076/360-005.
Во најбрз можен рок ќе бидете контактирани и информирани за сите потребни информации од страна на нашиот тим.
Ве очекуваме!
Пи Финанс!
www.pifinance.mk