Од месец јули се зголемува минималната плата

PARI-01

Согласно објавата на Министерството за труд и социјална политика, објавена во „Службен весник на РСМ“ бр.75/20 Уредбата со законска сила за примена на Законот за минимална плата во Република Македонија „Службен весник на РСМ“ бр.88/20, минималната плата ќе се зголеми за 434 денари.

Висината на минималната плата во бруто износ, започнувајќи од јули 2020 година до месец март 2021 година ќе изнесува 21.776 денари, односно минималната плата во нето износ ќе изнесува 14.934,00 денари, што претставува зголемување за 434 денари на износот на минималната плата која моментало изнесува 14.500,00 денари.

Пресметка за минималната плата од јули 2020 година која ќе важи до март 2021 година.

  • Минимална бруто плата = 21.776 денари
  • ПИО (18,8%) = 4.094
  • Здравствени придонеси (7,5%) = 1.633 денари
  • Дополнителен придонес. (0,5%) = 109 денари
  • Придонес за вработување (1,2%) = 261 денари
  • Вкупни придонеси (28%) = 6.097 денари
  • Даночно намалување = 8.228 денари
  • Данок на личен доход = 745 денари
  • Минимална нето плата = 14.934 денари

Усогласувањето за зголемување на минималната плата беше направено уште пред кризата предизвикана од COVID-19 пандемијата, но со Уредба, Владата го стави во мирување до завршување на вондредната сосотојба.

Од Министерството за труд и социјална политика истакнуваат дека ова значи дека со исплатата на платата за јули, висината на минимална плата не треба да биде пониска од законски утврдениот износ, односно не помалку од 14.934 денари во нето износ или  21.776 денари бруто.

Минималната плата досега изнесуваше 14.507 денари, откако минатата година беше зголемена за 2.000 денари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest