Поништена Уредбата со законска сила за ограничување на правото на исплата на парични паушали и парични надоместоци на избрани именувани лица

sud-2

Уставниот суд на РС Македонија ја поништи Уредбата со законска сила за ограничување на правото на исплата на паричните паушали и паричните надоместоци на претседателите и членовите на одборите на директори, претседателите и членовите на управни и надзорни одбори, претседатели и членови на комисии, работни групи и советодавни и експертски тела формирани од државната и локалната власт и претседателите и членовите на советите на единиците на локалната самоуправа за време на вонредната состојба („Службен весник на РСМ“ број 94/2020).

Со Одлуката У. бр.141/2020 од 24 јуни 2020 година (објавена во Службен весник на РСМ, бр. 178 од 6.7.2020 година), Уставниот суд го стави вон сила Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што беа преземени врз основа на Уредбата со законска сила.

Одлуката е објавена во „Службен весник на РС Македонија”бр.178 од 06.07.2020 година

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest