Во „Службен весник на РСМ“ бр.153/20 објавена Уредбата со законска сила за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти во текот и во пост COVID – 19, периодот со која Уредба се уредуваат сите услови, начинот и постапката за доделување на финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на трговските друштва со цел да се стабилизира и обнови нивната деловна активност вклучувајќи го враќањето на изгубени пазари. Стратегисткиот потфат на Владата на РСМ треба да придонесе за задравување на домашната економија.
Давател на финансиската поддршка е Генералниот секретаријат на Владата на РСМ, a Корисници можат да бидат сите трговски друштва од областа на индустријата согласно со одредбите на уредбата, односно оние кои не се исклучени согласно уредбата со законска сила.
Висината на Финансиската поддршка изнесува 25% од реализираната инвестиција според инвестицискиот план од член 6 од Уредбата но не повеќе од 40.000 до 200.000 евра.
Уредбата влезе во сила на 9 јуни 2020 година.