Субвенционирање на придонесите од задолжителното социјално осигурување за медиумските работници

COVID-19-PIC

Врз основа на Уредбата со законска сила за субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработени во медиумите на работодавачот – медиум, за секој осигуреник за месец јуни, јули и август 2020 година му се субвенционира 100% од износот за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување.

Правото за субвенционирање може да се оствари на следниот начин, работодавачот- медиум со комплетно Барање за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување (образец БС-ПЗСОМ) во Месечната пресметка за интергрирана наплата (МПИН образец) за осигуреникот за кој бара субвенционирање на плаќањето на придонеси во полето 3.23 внесува шифра 630.

Пресметката која треба да биде поднесена може да ја превземете од линкот на страната на Управата за јавни приходи- новата верзија на клиентски софтвер.

Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest