Во Службен весник на РСМ бр. 169/2020 година се објави измена на Уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на добивка за време на вонредна состојба која стапи во сила на 22 јуни 2020 година.
Обврзниците на данокот на добивка, а кои имаат претрпено штети во своето работење заради ширењето на Коронавирусот KОВИД-19, имаат право на ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на добивка за месеците Март, Април, Мај, Јуни и Јули 2020 година.
Со измените на Уредбата се пропиша и ново Барање за ослободување од плаќање на износот на аконтации на данокот на добивка– Образец ДД – ОМА.
За остварување на правото, даночните обврзници поднесуваат Барање за ослободување од плаќање на износот на аконтации на данок на добивка до Управата за јавни приходи. Поднесувањето на барањето се врши преку системот http://etax.ujp.gov.mk а комплетното барање го потврдува Управата за јавни приходи, во рок од 15 дена од денот на доставување на барањетo.