Второто тромесечие за МОЈ ДДВ заврши, исплата ќе се врши во август

UJP-10

На  30.06.2020 година Управата за јавни приходи, извести дека второто тримесечје од 2020 година за поврат на ДДВ кај физичките лица заврши.

Во ова тримесечје за април, мај и јуни 2020 регистрирани се нови 24.974 корисници на апликацијата мој ДДВ, а скенирани се вкупно 41.650.814 фискални сметки, направен промет од 21.414.380.426,00 денари, а вкупниот поврат изнесува 334.556.243 денари односно 5.440.000 евра. Повратот на 15% од искажаниот промет во фискалната сметка, кај граѓаните за ова тримесечје ќе започне да се исплаќа во август 2020 година .
Управата за јавни приходи апелира до граѓаните да ги ажурираат податоците наведени во апликацијата со што би овозможиле редовна исплата на повратот.

Граѓаните кои имале погрешно наведени податоци а во меѓувреме ги коригирале односно ги навеле точните податоци ќе им се исплати повратот за целиот период на скенирање.

Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest