Технолошки вишок -сметководствен, даночен и нормативен третман во 2020

Z3

Во период на светска економска криза, во услови на пандемија едно од доста поставуваните прашања кои се поставуваат се доделувањето на отказни решенија, прогласувањето на технолошки вишок и сл.

Имено, сопствениците на претпријатијата кои директно беа погодени од прогласувањето на вонредната состојба посегна по непопуларните мерки за ослободување од вработените и неисплата на плати.
Согласно Законот за работните односи, со посебни одредби се утврдува постапката за откажување на договорот од деловни причини и се утврдуваат одделни права и обврски за работодавачот и за работникот на кој му престанува работниот однос поради деловни причини.
Во член 12 став 1 точка 23 од Законот за данок на личен доход, не се оданочува износот на еднократен надоместок – испратнина заради трајно работно ангажирање на работниците при откажување на договорот за вработување од деловни причини (технолошки, економски, организациони и слични промени) во висина утврдена согласно членот 97 од Законот за работните односи. Исплатениот износ на испратнина над овој износ подлежи на оданочување со данок на личен доход како доход од работа при што се применува даночна стапка од 10% (11,1111% на нето износот на отпремнината над пропишаниот износ).
Член 9 став 1 точка 2 алинеја 5 од Законот за данокот на одбивка според кои одредби даночно признат расход за цели на данокот на добивка е износот на еднократен надоместок – испратнина заради трајно работно ангажирање на работниците при откажување на договорот за вработување од деловни причини во износ утврден со Законот за работни односи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest