Донесувањето на оваа уредба е со цел поедноставување и скратување на постапката за евидентирање, отчетност и контрола, во делот на заштита на јавниот интерес, во случај на донации чија цел е поддршка на здравството со цел да се решат состојбите од коронавирусот КОВИД-19.
Имено, согласно членот 21 став 1 од Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности, на барање за потврдување на јавен интерес поднесено од давателот или примателот на донацијата, Министерството за правда издава решение со кое го потврдува јавниот интерес на дадената донација или спонзорство. Со оваа уредба со законска сила се предлага давање на донација на Министерството за здравство, како примател на донација чија цел е поддршка на здравството со цел да се решат состојбите од коронавирусот КОВИД-19, да се смета за донација од јавен интерес согласно овој закон, за која не се спроведува постапка за потврдување на јавен интерес.
Обврска на институциите кои сакаат да донираат според оваа Уредба е да достави (електронски) до УЈП даночен биланс кон кој приложува копија од договорот за донација, писмена потврда за примена донација, како и доказ за уплата на средствата, со цел остварување на даночното поттикнување за донација во финансиски средства, добра и услуги кон буџетските корисници-приматели на донација.