COVID-19: Дополнителни владини одлуки и објаснувања за работното време, за работата за маркетите и аптеките, за волонтерската работа во општините и за граѓаните со домашни миленичиња во новите услови со дополнителни рестрикции на движењето

COVID-19-MERKI

Како дополнување на Одлуката за изменување на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, донесена на 36-та седница, за продолжена забрана за движење од понеделник до петок и за време на викендите, Владата заклучи дека за време на забраната и посебниот режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, да им дозволи на сите граѓани кои живеат во станбени објекти за колективно домување и што имаат домашни миленичиња (куче), од понеделник до петок да може да ги изнесуваат надвор од своите домови, во вечерните часови во времетраење од 30 минути, почнувајќи од 20:00 часот до 20:30 часот, a во деновите сабота и недела, наутро од 8:00 часот до 8:30 часот, попладне од 15:00 часот до 15:30 часот и во вечерните часови од 20:00 часот до 20:30 часот,  најмногу до 100 метри од објектот во кој живеат.

Притоа, граѓаните да го задржат минимум потребното растојание од останатите лица и да не се групираат.

Согласно оваа одлука, Владата  ги задолжи сите органи на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, а се укажува на единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, на подрачјето на Градот Скопје, за вработените лица кои работат во овие институции и фирми, а живеат надвор од подрачјето на градот Скопје и патуваат секојдневно на работа, работодавачот да ги упати овие лица на задолжителна работа од дома, без физичко присуство на работното место за време на вонредната состојба.

Владата донесе Одлука за изменување на Одлуката за утврдување распоред на работното време во Владата на Република Северна Македонија, министерствата и другите органи на државната управа, во насока работното време да го прилагоди согласно забраната за движење, која се смета за донесена на оваа седница на Владата.

Владата го задолжи Министерството за здравство веднаш да подготви план за работа и организација на сите јавни и приватни здравствени установи, како и аптеките во општините на територијата на Република Северна Македонија.

Овие дополнителни одлуки и објаснувања се донесени врз основа на Одлука за изменување на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, донесена на 36-та седница, со која од 8 април 2020 година (среда), со која се забранува движење на населението на територијата на Република Северна Македонија, од понеделник до петок, во временски период од 16:00 часот до 5:00 часот наредниот ден, како и за време на викенд деновите од 16:00 часот во петок, до 5:00 часот во понеделник, дополнета со забраната движење на населението со возраст над 67 години, од понеделник до петок во временски период од 12:00 часот до 10:00 часот наредниот ден, и забраната за движење на децата и младите на возраст до 18 години, од понеделник до петок во временски период од 15:00 часот до 13:00 часот наредниот ден, со забраната за собирање во група на повеќе од две лица, во паркови и на други јавни места и површини, со исклучок на лица помлади од 14 години кои се во придружба на родител кои се дел од групата.

Целосните одлуки прочитајте ги на официјалната веб страна на Влада.

Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest