Владата на Република Македонија континуирано работи на донесување на нови времени мерки за заштита и превенција од Корона вирусот COVID-19.
Во таа насокам беше донесена новата Уредба со законска сила за примена на Законот за работните односи која беше објавена во Службен весник на Република Северна Македонија (04.04.2020г.)
Имено, согласно Уредбата во член 3 е уредено користење на неискористениот годишен одмор од календарската 2019 година и првиот дел од годишниот одмор од 2020 година.
За сите работници вработени во приватниот сектор опфатени од времените мерки за заштита од ширење и превенција од Коронавирус COVID-19, неискористениот годишен одмор од календарската 2019 година, да се искористи до 31 мај 2020 година, согласно потребите на работниот процес и одобрение на работодавачот.
За работниците вработени во приватниот сектор опфатени од времените мерки за заштита од ширење и превенција од Коронавирус COVID-19, делот од годишниот одмор за 2020 година кој мора да се искористи во траење од две непрекинати работни недели, да го искористат до 30 јуни 2020 година, согласно потребите на работниот процес и одобрение на работодавачот.
На следниот линк може да дојдете до Уредбата