Известување од Централен регистар

CENTRALEN-10

Почитувани клиенти,

Во целост Ви ги пренесуваме најновото известување објавено на сајтот на
Централен регистар.

За повеќе прочитајте подоле или на линкот https://www.crm.com.mk/DS/

Почитувани,
Согласно барањата пристигнати до Централниот регистар меѓу кое и од Комората на
сметководители, со кои се бара одложување на рокот за доставување на годишна сметка Ве
известуваме дека, согласно новонастанатата ситуација и мерките од Владата за заштита и
превенција од вирусот covid-19, но и во согласност со член 477 од ЗТД, Централниот регистар
одлучи да излезе во пресрет на обврзниците за поднесување на годишна сметка и на
сметководителите и да го продолжи рокот за поднесување до 24.03.2020 година.
До моментов, во Централен регистар поднесени се вкупно 79.903 пресметки, додека минатата
година бројката во истиот период, изнесуваше 77.496 пресметки.
Вкупната бројка на поднесени годишни пресметки, заклучно со рокот 15.03.2019 година
изнесуваше 88.000.
Иако 95% од обврзниците веќе ја поднеле годишната сметка, сепак Централен регистар како
сервисно ориентирана институција, секогаш е спремна да одговори на барањата на своите
корисници, во рамките на законските можности.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest