Важно известување од УЈП

UJP-10

ПОРАДИ ПРЕВЗЕМАЊЕ НА МЕРКИ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ОД COVID-19 ( КОРОНА ВИРУС) УЈП ОГРАНИЧУВА ПРИЕМ НА СТРАНКИ И ГО ЗАТВАРА ДАНОЧНОТО ОДДЕЛЕНИЕ ДЕБАР

Со цел елиминирање на секоја можност за ширење и превенција од Covid-19 (корона вирус), Управата за јавни приходи известува дека го ограничува времето за прием на странки од 08:00 до 12:00 часот во Генерална/Регионални дирекции/одделенија/шалтери, а Даночното Одделение Дебар и мобилните даночни шалтери ќе бидат затворени додека траат препораките од Владата на Република Северна Македонија односно до 24 март 2020.

Управата за јавни приходи ги советува граѓаните и даночните обврзници наместо да доаѓаат лично во Управата за јавни приходи, да ги користат електронските услуги е-Даноци, e-Персонален данок, МојДДВ, kontaktcentar.ujp.gov.mk, како и да контактираат со УЈП преку е-пошта: info@ujp.gov.mk и телефонските броеви 0800 33 000 (само од фиксна) и 02 3253 200 (од сите оператори).

Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest