ПОДНЕСУВАЊЕ НА “ДЛД-ДБ” И “Б” ЗА 2019 ГОДИНА

2418778

Управата за јавни приходи Ве известува дека обрасците “ДЛД -ДБ” и “Б” за 2019 година задолжително се поднесуваат по електронски пат преку e-pdd.ujp.gov.mk најдоцна до 15 март 2020 година.

Обврзникот на данок на доход регистриран како трговец-поединец, како и физичко лице кое се занимава со земјоделска дејност, со занаетчиска дејност и лице кое врши услуга или слободно занимање, а кој остварува доход од вршење на дејност утврдена согласно член 19 од Законот за данокот на личен доход, до Управата за јавни приходи доставува Годишниот даночен биланс (образец “ДЛД-ДБ”) и Билансот на приходи и расходи (образец “Б”) .

Обрасците “ДЛД -ДБ” и “Б” задолжително се поднесуваат до УЈП по електронски пат преку системот e-pdd.ujp.gov.mk, најдоцна до 15 март

Од страна на Управата за јавни приходи во текот на месец Февруари 2020 година планирано е одржување на обуки за начинот на поднесување на Обрасците “ДЛД -ДБ” и “Б”, за кои пријавувањето е во тек.
Заинтересираните учесници може да се пријават кај контакт лицето назначено за Регионалната дирекција која Ве администрира како даночен обврзник.
За терминот и местото на одржување на обуката ќе бидете дополнително известени од страна на службено лице од Управата за јавни приходи.

Корисни информации:
– “ДЛД -ДБ” (види линк http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/207)
– “Б” (види линк http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/214)

Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest