Сметководствени услуги

Грижата за нашите клиенти и нивните потреби е на прво место!

Финансиско и материјално сметководство

Како фирма која оперира во пазарната економија сигурни сме дека до сега веќе ја имате имате увидено моќта на максимизирање на искористеното време. Ние Ви овозможуваме да се ослободите од стегите на обврските и да се насочите кон Вашите цели.

Неделно превземање на документација

  • Фактури (влезни и излезни)
  • Изводи (денарски и девизни)
  • Благајна
  • Патни налози
  • Поставување на работни процеси во рамките на Меѓународни Сметководствени Стандарди (МСС) и Меѓународни Стандарди за Финансиско Известување (МСФИ)
  • Усогласување на финансиска состојба со соработници
  • Подготовка и изработка на плата
  • Влезни калкулации и следење на залиха
  • Организирање на попис (утврдено во законски рамки)
  • Усогласување на финансиско и материјално сметководство
  • Наплата на побарување
  • Пресметка и управување со даноци од секој карактер
  • Даночен консалтинг

Административна поддршка

Менаџментот на работното место ја олеснува комуникацијата и извршувањето на задачите. Пи Финанс се стреми кон правилна поставеност и организација на извршните процеси кои ќе можете да ги поистоветите со тоа што половина од работата веќе завршена.

  • Поставување на процедури за работа
  • Поднесување на документи во УЈП, ЦРМ, банка
  • Пријава и одјава на даночен обврзник
  • Промена на даночна картичка налози
  • Пријава на недвижен имот
  • Пријава и одјава на вработени
  • Администрација на боледувања и труднички отсуства
  • Обезбедување на работни дозволи и визи (доколку имате странци кои се вработени)

Правни услуги и консалтинг

Исполнување на неделивата врска помеѓу правниот и финансискиот сектор е несебичната соработка. Сфаќајки го значењето од истото Пи Финанс во тесна соработка со тим на правници и адвокати од Адвокатското друштво Константиновиќ & Милошевски, кои Ви стојат на располагање за целокупна заштита и реализација на Вашиот бизнис. 

  • Комерцијални договори
  • Измена на акт за основање (измена на основач, седиште, назив на фирма, подружница, основачки влог)
  • Акти согласно Закон за работни односи
  • Одлуки, решенија
  • Застапување на странски лица
  • Постапки за јавни набавки
  • Наплата на побарувања
  • Осигурување (животно и неживотно)

Регистрација на фирма

Во бизнисот, времето е пари.
Пи Финанс е Ваш сојузник на патот кон успехот вложувајќи ги сите расположливи ресурси, започнувајќи од тековното работење преку унапредување на вашиот бизнис до надминување на конкуренцијата во тој сектор.

  • Организирање и комплетирање на целосна документација и одобрување од Централен Регистар на РМ
  • Отворање на банкарска сметка

Финансиска анализа, контрола и консалтинг

Пред се анализа на работењето на Вашата компанија, за да може да се добие јасна слика за значајните оперативните, финансиските и менаџерските дејствија. Контрола на истите и извлекување на заклучок дали сето тоа е усогласено со даночното законодавство и сметководствените стандарди. Советодавните услуги се базирани на претходни информации, а се однесуваат на ефикасност и ефективност во искористување на ресурсите и знаењето.

Финансиска анализа со показатели (на месечно ниво)

  • Основни финансиски извештаи
  • Биланс на состојба
  • Биланс на успех
  • Извештај за паричен тек (на месечно ниво)
  • Специјално прилагодени извештаи за финансии со акцент на консултација за понатамошни постапки за менаџерите (контрола на успешноста на фирмата)
  • Контрола и усогласување со даночната регулатива

Дополнителни услуги - Стандардизирани барања за услуги од клиенти

Почитувани клиенти,
Со цел да Ви обезбедиме беспрекорна и навремена услуга Ве молиме превземете ги унифицираните документи: